Италијанскиот напаѓач од Лацио, Чиро Имобиле со вечерашниот подогок против Феенорд стигна до фантастичен ефект од 200 голови за еден клуб. Станува збор за голови во сите натпреварување во дресот на Лацио што е фантастичен ефект за еден италијански играч – или подетално 165 голови во Серија А, 16 во Лига Европа, 10 во италијанскиот Куп, 6 во ЛШ, 2 во италијанскиот Супер куп и 1 во Лигата на конференции.
Уште подетално 151 гол со десна нога вклучително и вечерашниот со Феенорд, потоа 27 со левата нога, 22 со глава, 57 од пенали, 190 во шеснаесетникот и 9 надвор од шеснаесетникот.
Првиот гол му беше на 21 август 2016 година против Аталанта. Рекорд кој ќе биде подобрен.
CIRO IMMOBILE BREAKS THE DEADLOCK!!!! LAZIO LEAD FEYENOORD!!!
LAZIO VS FEYENOORD #LazFEYpic.twitter.com/yIaoaQR9wg
— NEXA FOOTBALL (@NexaFootball) November 7, 2023