Десниот бек на второлигашот Пелистер, Борјан Пановски, има сериозна повреда на коленото поради која мораше да оди на операција. Како што денеска информираа од клубот, Пановски го оперираше коленото и сега го чека долга пауза од фудбалските терени.
23-годишниот фудбалер кој во Битола се пресели од екипата на Гостивар, беше големо засилување за „зелено-белите“ кои и натаму имаат амбиции за пласман во Првата македонската фудбалска лига следната сезона.