По победата во првенството против Вардар, тимот на Шкупи немаше време за одмор, бидејќи во среда го очекува следниот дуел во четврт-финалето на Купот на Македонија, каде за противник го има тимот на Работнички.
За овој натпревар зборуваше играчот од средниот ред Али Адем, кој меѓу другото рече дека на теренот треба да ги следат наредбите на тренерот и да стигнат до полуфиналето.
„Се подготвивме максимално за куп-натпреварот, како и досега за другите натпревари. Имаме многу напорна недела, затоа што викендов не очекува уште еден многу важен дуел во Кратово против Силекс.
Но, ние имаме планови и одиме во оваа игра за да победиме. Верувам дека ако ги следиме наредбите на тренерот нема да имаме проблем против Работнички кого го добивме во првенството. Тоа не значи дека го потценуваме противникот, но ние ќе оди на овој натпревар максимално мотивирани“, изјави Адем.
Потсетуваме, натпреварот Работнички – Скопје се игра во среда на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари со почеток од 13 часот, а ќе суди штипјанецот Крунислав Ѓорѓиев.