Артим Шаќири се враќа во Шкендија?! Се споменува и Захариевски!

2240

И дефинитивно, барем според нашите информации, Ардијан Нухиу е пред отказ во Шкендија. По поразот од Струга ТЛ во мега – дербито нема дилеми дека раководството веќе го има подготвено отказот, веројатно се чека репрезентативната пауза. А Шкендија веќе в сабота игра со Тиквеш дома во меч од 14.коло во ПМФЛ.

Како што се шпекулира, но и како што ние дознаваме, еден од најсериозните кандидати за клупата на Шкендија е Артим Шаќири, кој пред година и половина веќе беше во тетовскиот клуб, но и претходно пред десет години.

За време на вториот мандат на нашата фудбалска легенда, само еден пенал недостигаше Шкендија да се пласира во плеј – офот во Лигата на Конференции, а под водство на Нухиу сите добро знаеме како заврши тимот минатото лето во квалификациите на Лигата на Конференции.

Инаку покрај Шаќири се споменува името и на Срѓан Захариевски како евентуална опција. Сепак се ќе се знае за неколку денови.

ПретходноЃорческа со повеќе поени, но со пад од две места на ВТА листата
СледноСудии за Купот: Ставрев “главен“ во Штип, Качевски во Ѓорче