Германија ќе биде домаќин на Европското првенство 2024 година. Оваа земја која е еден од противниците на македонската ракометна репрезентација во групната фаза, се загрева за континенталното натпреварување.
Добро е познато дека Германците треба да го урнат рекордот по посетеност на еден меч на големите натпреварувања. Дуелите од првото коло во групата А ќе се играат на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, најавени се над 50.000 посетители. Германија игра против Швајцарија, а дел од оваа историја ќе биде и Македонија, на истото место ќе се одмери силите со Франција.
Како најава за спектаклот во јануари, љубителите на ракометот се загреваа на пријателските мечеви на Германија за време на ЕХФ-неделата, против Египет во Минхен на трибините имаше 10.000 навивачи.