Го тужела клубот за неисплатени пари кога била трудна, па е избркана од првиот тим

1317

Женскиот ракометен клуб Будуќност одлучи да и ја земе капитенската лента на Милена Раичевиќ и да ја испрати во филијалата Рудар. Таа е една од најдобрите ракометарки и една од шесте легенди на клубот но клубот одлучија да ја избркаат од првиот тим, а причината е што таа го тужела клубот поради неисплатени пари во сезоната 2020/21 кога била бремена, пренесуваат „Вијести“.

Од Будуќност навеле дека договорот бил заклучен за време на мандатот на претходната претседателка.
Заземен е став и неприфатливо е ракометарка која го тужи клубот во продолжение на сезоната да ја носи капитенската лента, поради што е отстранета од првиот тим. Побарувањата кои се предмет на судска постапка ги сметаме за неосновани, затоа што Раичевиќ во наведената сезона не можела во потполност да ги исполнува обврските од договорот, а со тоа ни сега да бара подмирување на обврските во целост.
Управниот одбор е принуден да донесе ваква одлука за да го сочува интегритетот на клубот, со напомена дека на Милена и е отворена вратата по завршување на судската постапка која ја покрена“, соопштија меѓу другото од клубот.

На тоа имаше многу реакции на социјалните мрежи за постапката на најпопуларниот женски ракометен клуб во Црна Гора.

ПретходноРед Бул нема да му даде „клоца“: Перез ќе вози за Австријците и следната сезона
СледноНавивачите на Милан со поздрав за „издајникот“ – Доларума