Фудбалерите кои играат на високо ниво заработуваат пари незамисливи за просечните луѓе. Ова на дело го покажува и Хари Кејн.
Еден од најпознатите трансфери што се случи минатото лето беше оној на Хари Кејн. Конечно го напушти Тотенхем и потпиша за Баерн Минхен.
Доведувањето на англискиот напаѓач за баварскиот гигант се покажа како полн погодок. Досега на 14 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона постигна 17 гола и додаде седум асистенции.
Сепак, тој сè уште не нашол куќа во Минхен. Па за него издвојува 10.000 фунти за еден ден минат во луксузен хотел, таа бројка до сега скокна на милион.
Vier Jahreszeiten Kempinski, еден од најскапите хотели во Минхен е дом на англиската ѕвезда.
Хотелот е домаќин на многу познати личности откако ги отвори вратите во 1958 година. Се наоѓа во центарот на Минхен и е приближно 20 минути возење до Алијанц Арената.
Се верува дека апартманот на Кејн се наоѓа во историското крило на хотелот и има посебна дневна соба. Истиот можете да го видите на следниот ЛИНК.
🚨 Since signing for Bayern Munich, Harry Kane has been staying in a £10,000-a-night hotel suite.
Since August, his bill has stood at £1m. 🤑
(Source: @TheSun ) pic.twitter.com/RbvtfSLLbK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 6, 2023