Во Милано пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Милан и ПСЖ се случија неколку навивачки пресметки, а во едната тешко е повреден навивач на францускиот тим, кој, како што јави италијанската новинска агенција АНСА, се бори за живот. АНСА додаде дека 34-годишниот навивач на ПСЖ бил избоден со нож во главата и ногата и се наоѓа во болница во Милано.
Повредени се и неколку полицајци кои интервенираа во конфликтот. Сепак ова не беше единствената навивачка пресметка во ноќта од понеделник кон вторник. Претходно полицијата интервенираше поради судир меѓу десетици навивачи на ПСЖ и жителите на еден кварт во Милано. Подоцна интервенирала и на една од улиците каде што се наоѓале француски навивачи, а на еден од нив му била потребна лекарска помош.
АНСА напиша и дека безбедносните служби и полицијата во вторник ќе ги зајакнат собирите на најголем број навивачи пред Сан Сиро. Натпреварот помеѓу Милан и ПСЖ во групата Ф започнува во 21 часот.
07.11.2023, Curva Sud Milano🇮🇹 attack PSG🇫🇷 in Milano https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GM6pSSFJpe
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 7, 2023
Folle notte di scontri sui Navigli e non solo tra tifosi del Milan e del Psg: un accoltellato e diversi feriti#Milano #Milan #Psg pic.twitter.com/okIoVqSBCA
— Mi-Tomorrow (@MiTomorrow) November 7, 2023