По поразот од Челзи: Обложувалниците веќе не го гледаат Тотенхем како фаворит за титулата

471

Поразот кој Тотенхем го претрпе синоќа на домашен терен од Челзи во Премиерлигата со 1:4, сериозно ги намали шансите на тимот на Анже Постекоглу да ја освои титулата во најсилната англиска конкуренција оваа сезона. Денеска се појавија новите коефициенти по светските букмејкерски куќи, кои улогата на супер-фаворит за титулата и оваа година му ја даваат на бранителот на титулата – Манчестер Сити. Моменталниот лидер на табелата во Англија, кој има само бод предност пред Тотенхем, има значителна предност во трката за титулата според букмејкерите.

Квотата за шампионска титула на Манчестер Сити денеска падна на еднав 1.44. Шансите, пак, Тотенхем да биде нов првак на Англија од вчера до денеска се осумпати намалени, па квотата за Спарс да бидат шампиони сега се движи околу 14. Тоа ги прави лондончани дури четврти на листата на потенцијали шампиони според обложувалниците, кои сега ги ставаат Ливерпул и Арсенал пред нив.

Квотата за Ливерпул да биде нов првак е околу 6.5, а слична квота се нуди за Арсенал (6.5 – 7.0). Петти на листата на фаворити за шампонскиот наслов во Англија е Њукасл, а по него, според букмејкерите, се Астон Вила, Манчестер Ј. и Челзи.

Претходно„FIBA POWER RANKINGS“: Македонија целосен аутсајдер во квалификациите за ЕП 2025
СледноГолден Стејт ќе го организираат НБА „Ол-Стар“ викендот во 2025 година