Познати се судиите за утрешните мечеви од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Во Штип, каде се среќаваат Брегалница и Воска, правдата ќе ја дели Александар Ставрев од Скопје, додека во Ѓорче, каде играат Македонија ЃП – Силекс главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.
Мечот Работнички – Шкупи ќе го суди Крунослав Ѓорѓиев од Штип, а во Кавадарци на Тиквеш и Брера ќе им суди Марјан Младеновски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ – СРЕДА (13 Ч)
Работнички – Шкупи: Крунислав Ѓорѓиев (Штип)
Македонија ЃП – Силекс: Јован Качевски (Струга)
Брегалница – Воска: Александар Ставрев (Скопје)
Тиквеш – Брера: Марјан Младеновски (Скопје)