На 48 часа пред официјалниот почеток на квалификациите за Европското првенство во 2025 година, Светската кошаркарска федерација го направи и првото рангирање на учесниците во овој квалификациски циклус.
Според овој поредок, нашата женска репрезентација има најмали шанса да се најде на континенталното натпреварување. ФИБА ја смести на 39. место, позади Португалија која се ноѓа на 23. позиција и Украина која е на 19. место.
Фаворит во нашата група е Србија, првиот противник на Македонија на домашен терен (12. ноември во СРЦ „Кале“), е рангиран зад првата петорка во која се селекциите на Шпанија, Белгија, Франција, Унгарија и Германија.
Репрезентацијата на Украина, со која ќе играме во наредниот ФИБА „прозорец“ (ноември 2024 година), е на 19. позиција во европската зона на ФИБА. Блиску до нив е репрезентацијата на Португалија, поставена е на 23. позиција во ова рангирање, и извесно е дека токму во дуелите со оваа селекција, избраничките на селекторот Александар Ашаданов (рангирани на 35. место) ќе ја бараат шансата за некоја победа во овој репрезентативен циклус.