Андреј Јакимовски блескаше на отварањето на новата сезона во НЦАА

315

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Кугарс со победа ја започнаа новата сезона во НЦАА-лигата.

Кугарс славеше против Ајдахо со убедливи 84-55, а нашиот кошаркар беше фантастичен.

Јакимовски кој во моментов е еден од најдобрите македонски репрезентативци, зад своето име запиша 21 поен, четири скока и две асистенции, и беше лидер во редовите на својот. Oд игра имаше 8/16, додека од линијата за три поени шутираше 3/8.

Следниот меч, Вашингтон го игра за четири дена, против Прејри Вју.

ПретходноСе најде херој кој успеа да го блокира чудото од 224 см во НБА (ВИДЕО)
СледноМладите надежи во Тарагона ќе играат тест со Саудиска Арабија!