Лидерот во групата Ф, Пари Сен Жермен, денеска на Сан Сиро ќе се обиде да му зададе нов удар на италијанскиот гигант Милан во битката за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. За „росонерите“ денешниот меч е да се биде или не. Милан се уште нема победа во „групата на смртта“ по првите три кола, па денешниот меч е клучен за одлука дали и на пролет „црвено-црните“ ќе бидат во најсилната конкуренција.
Интересно е што „росонерите“ допрва треба да постигнат гол во оваа сезона во Лигата на шампионите, откако на првите два мечо одиграа без погодоци, 0:0. Тие се една од двете екипи кои се уште немаат гол во групната фаза од ЛШ, заедно со Бенфика.
Борусија Дортмунд во вториот меч од оваа група му гостува на Њукасл во пресметка која исто така ќе одлучува за пласманот во завршната рунда. Психолошката предност е на страната на Германците, кои победија со 1:0 во претходната пресметка во Англија. Двата тима имаат по 4 бода, па денешниот дуел ќе значи и одлука за шансите на двата тима за место во втората фаза.
Групата „Е“ ги носи дуелите Атлетико Мадрид – Селтик и Лацио – Феенорд, а и двата натпревари почнуваат во 21:00 часот. На табелата е прилично изедначно, откако Холанѓаните водат со шест бода, додека „јорганџиите“ се втори со пет бода. Сепак, римските „орли“ не заостануваат и ја заземаат третата позиција со четири бода, додека „детелините“ се последни со само еден.
Во групата „Г“ работите изгледаат јасни. Таму лидер е англискиот првак Манчестер Сити со вкупно 9 бодови, потоа РБ Лајпциг со 6, а Црвена звезда и Јанг Бојс имаат само по еден. Вечерва „граѓаните“ му гостуваат на швајцарскиот шампион, додека германците патуваат во Белград за да ги одмерат силите со белградскиот состав кој во последните два меча ќе бара две победи.
Во групата Х, Барселона гостува кај Шахтјор по тешката победа на домашен терен од 2-1 во претходното коло. Во другиот меч од 21 часот, Порто е домаќин на белгиски Ројал Антверпен. Лидери во групата се Каталонците со девет бода, а „змејовите“ имаат шест. Украинскиот гигант има три бода, додека Антверпен е последен без бодови.