Никола Јокиќ ги водеше Денвер Нагетс до победа над Њу Орлеанс од 134:116. Српскиот центар го запиша 108 трипл-дабл, имаше 35 поени, 14 скока и 12 асистенции, и на вечната листа ги прескокна Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ во овој поредок се Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.
По историскиот меч, Србинот се појави на прес-конференција и направи мини-шоу. Само што се појави веднаш им се обрати на новинарите.
„Знам што ќе ме прашате, па затоа одма ќе почнеме“, рече Јокиќ и потоа даде анализа на мечот и ја напушти прес-конференцијата, па новираните не можеа да го прашаат било што.
“Actually I can just talk because I know what you’re going to ask.”
Jokic running his own press conference 😂 https://t.co/yHlsWg92my pic.twitter.com/8erCNoc3YB
— AltitudeTV (@AltitudeTV) November 7, 2023