Руни: Имав проблеми со алкохолот, а Нани беше најлошиот со кого сум играл!

5410

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, призна дека во текот на кариерата имал сериозни проблеми со алкохолот. Актуелниот менаџер на второлигашот Бирмингем во подкастот на рагби легендата Роб Барлоу призна дека своевремено спасот го барал во алкохолот и дека му требало долго време да побара помош.

„Имав многу различни предизвици, на теренот и надвор од него, а мојот излез беше алкохолот. Во моите рани дваесетти, поминував неколку дена дома и не излегував, пиејќи до бесвест. Сакате да бидете опкружени со луѓе, затоа што понекогаш се срамите и се чувствувате како да сте ги изневериле оние околу вас“, вели Руни.

„Не знаев како да се справам со сè, го избрав алкохолот за да се обидам да се справам со сето тоа. Имаше луѓе околу мене со кои можев да разговарам, но избрав да не зборувам и се обидов да се справам сам не прифаќајќи помош. Така можеш да се најдеш на дното, а јас бев таму неколку години. Благодарен сум што сега можам јавно да зборувам за работите низ кои сум поминал“, додаде Вејн.

Барлоу го праша Руни кој е неговиот најдобар и најлош соиграч во Јунајтед.

„Најдобар веројатно беше Дарен Флечер. Најлош, има неколку на кои можам да се сетам! На теренот, веројатно Нани. Беше фрустрирачки да се игра со него“, заклучи Руни.

ПретходноЗаборавивте на него? Раџа се враќа на терен, ќе игра во Индонезија
СледноАдем: Имаме напорна недела, но спремни сме за Работнички