Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег го исфрлил Џејдон Санчо (23) од клупската група WhatsApp, каде што стручниот штаб испраќа информации до фудбалерите, тврди The Sun. Да потсетиме, Санчо 13 натпревари по ред не е дел од клубот поради конфликт со тренерот.
По поразот од Арсенал (1:3) на почетокот на септември, Тен Хаг изјави дека Санчо останал надвор од составот бидејќи не тренирал добро претходната недела. На ова реагираше Санчо кој им порача на фановите „да не веруваат во се што ќе прочитаат“. Така, тој го обвини тренерот дека лаже.
Тен Хег бара извинување, но Санчо се уште не го сторил тоа, иако ја избриша контроверзната објава од социјалните мрежи. Англиските медиуми пренесуваат дека врската помеѓу Тен Хег и Санчо е непоправлива доколку фудбалерот не се извини. Сето ова е причина за гласините дека Санчо би можел да го напушти клубот веќе во зимскиот преоден рок.
Според Трансфермаркт, Санчо пристигна во Јунајтед од Борусија Дортмунд во 2021 година за 85 милиони евра. Тој беше одличен во Бундеслигата и постигна 50 гола за клубот од Дортмунд и додаде 64 асистенции на 137 натпревари.