Шахтјор ја „суреди“ Барселона, Дортмунд пак славеше против Њукасл (видео)

147

Украински Шахтјор по трет пат во историјата ја совлада Барселона. Вечерва во меч од групната фаза одигран на „Волкспаркштадиум“ во Хамбург, екипата на Шахтјор славеше со 1:0 со голот на Сикан во 40. минута.


Тоа е втора победа на тимот од Доњецк по четири кола и моментално е на третото место на табелата. Барселона е лидер со три победи и еден пораз.
Во групата Ф, Борусија Дортмунд го совлада Њукасл со 2:0. „Милионерите“ славеа и на првиот меч во Англија, а сега и на „Сигнал Идуна Парк“. Николас Фулкруг ги доведе „жолто-црните“ во предност во 26. минута, а зголеми Јулијан Брант во 79 минута.

 

ПретходноОбид за киднапирање на ќерката на Нејмар
СледноНавивачите на Дортмунд со порака: „Гајле ви е вас за фудбалот, мислите само на пари“