Ашаданов пред дуелот со Португалија: Одиме на победа!

111

Нашата женска сениорска репрезентација е веќе во Матошинос, каде утре, доцна навечер, за наши прилики, од 21.30 часот, ќе ги стартува квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Во првото коло од групата „Г“, Македонија игра против селекцијата-домаќин, Португалија. А своите очекувања од овие квалификации, секако и премиерата во Матошинос, ги изнесува селекторот на нашиот национален тим, Александар Ашаданов: 

Целта останува иста како и на претходните квалификации, а тоа е да се добијат некои натпревари. Веќе на првиот меч со Португалија, на гости, ќе ја бараме и првата победа. Искрено се надевам дека во овие квалификации ќе ја немаме ‘турбулентноста’ во составот како низ претходните. Односно дека на сите шест натпревари ќе настапиме во полн состав“ – посакува предводникот на сениорките.

Ашаданов смета дека Србија е прв фаворит во групата во која, освен нашата и селекцијата на Португалија е и репрезентацијата на Украина.

Фаворитската улога во ова друштво ја има Србија, која добро знаеме со каков состав располага, како и нејзината константност да опстојува на врвот на европската кошарка во изминатиов период. Реално, ако се суди споре дмоменталниот квалитет, ние нашите шанси за успех треба да ги гледаме на дуелите со Португалија, а подоцна и со Украина. Признаваме фаворити, но ќе се трудиме да одиграме најдобро што знаеме, и да бидеме подобри во овој квалификациски циклус во однос на претходниот“  – вели македонскиот селектор.

Инаку, за првпат во историјата Европските првенства, во оној женски сегмент, шампионатот ќе се игра во четири држави. Поточно во Италија, Германија, Чешка и во Грција, додека оној финален дел од Евробаскетот ќе се игра во Атина.

Друг новитет на ФИБА е и тоа што е формирана уште една квалификациска група. Таа е групата „И“ каде што ќе играат токму организаторите, Италија, Германија Чешка и Грција, но без натпреварувачки карактер.

ПретходноПобедничко селфи од Кавадарци
СледноМеси стана ко-сопственик на клубот на Агуеро