Вардар 1961 преку Бутел до планираните бодови за враќање на врвот

163

Вардар 1961 дојде до осмата победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 26-20 во последниот меч од деветото коло. Со новите бодови „црвено-црните“ се вратија на врвот на табелата во групата Б.

Домашните ракометари добро влегоа на мечот, поведоа со 9-2. На другата страна на гостинскиот состав му требаше време за да влезе во ритам, успеа да се дојде на 13-10 на стартот на второто полувреме.

Нова, мала криза, Вардар 1961 ја претвори во позитива од шест гола (19-13), најмногу што му дозволи на противник е да се доближи на три гола, а во самиот финиш со головите на Лазарески и Срдановиќ успеа да дојде до убедлива победа.

Срдановиќ со шест гола и Лазаревски со пет беа најефикасни кај домашниот тим, кај гостите Стојаноски запиша шест погодоци.

ПретходноМеси побара од Бекам да донесе Хрват во Интер Мајами!
СледноПознато е што му кажал Еспирито Санто на Бензема поради што доби отказ