Клементе за периодот како селектор на Србија: Имав одличен тим, но и проблем затоа што беа Срби

616

Легендарниот шпански тренер Хавиер Клементе работеше во многу клубови, но и како селектор на Србија во 2006 година. По повод премирата на филмот „Шпанија на Клементе“ 73-годишниот тренер се присети на периодот на клупата на Србија.
Паднав од велосипед и скршив четири ребра и клучна коска. Не можев да патувам со авион. Па така со такси поминав 2500 километри до Белград. Тоа ме чинеше 60.000 пезети (сегашни 400 евра), можеби и повеќе“, рече Клементе.
Дебитираше во победата од 3:1 во пријателски меч со Чешка, а во квалификациите за ЕП 2008 тргна со три победи и реми, а на крајот селекцијата заврши на третото место, а тој доби отказ.
Имав одличен тим, но и еден проблем – беа Срби. Србите се силни против јаките, а ги потценуваат послабите. Во тие квалификации Португалија беше прва, Полска втора, а не не победија. Испуштивме бодови против Казахстан! А Србите велеа: Како не ставаат да играме со овие кои се ептен лоши!“. Одигравме добро, не изгубивме од посилните, но поради поразот од Казахстан бевме елиминирани“, се присети Шпанецот.

ПретходноФијаско: МЗТ Скопје и Феникс играа пред празни трибини (ФОТО)
СледноЕлмас на клупа, Наполи не го победи Унион, а Сосиедад милиметри го делат од осминафинале