Куп-1/4 финале: “Лавовите“ во полуфинале, Воска ја шокира Брегалница, на пенали мина и Тиквеш! (ВИДЕО)

1685

Завршија трите четвртфинални мечеви во Купот на Македонија.

Македонија ЃП, бранителот на пехарот, успеа со 1:0 да го победи Силекс и тоа со голот на младиот Алији во 66.минута и со тоа да си обезбеди полуфинале во ова натпреварување.

Воска со голот на Јашаровски во 70.минута и тоа среде Штип, успеа да ја шокира Брегалница и со пласманот во полуфиналето да си испише клупска историја. Се разбира дека ова е голем удар за штипските “сини“ кои претендираа дури и на освојување на пехарот.

Во Кавадарци по 90.минути беше 1:1, Куреж за домашните и Дончев со автогол беа стрелци на двете екипи, па се изведуваа пенали.

А таму подобри пеналџии беа играчите на Тиквеш и тоа осум серии, и тоа со 6:5. Па така кавадарчани се пласираа во полуфиналето.

РЕЗУЛТАТИ

БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА 0:1

(/Јашаровски 70.)

ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5 П)

(Куреж 52./Дончев (а) 45+1.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1:0

(Алији 66.)

УТРЕ, 13 Ч

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

ПретходноЛШ: Елмас и Наполи посакуваат победа против Унион Берлин, Реал Мадрид ја пречекува Брага
СледноВо Ријека му спремаат пекол на Ристовски