Мбапе му се смееше на Донарума поради одмазднички потег на навивачите на Милан (ВИДЕО)

3067

Навивачите на Милан нетрпеливо го чекаа моментот кога Донарума ќе се врати на „Сан Сиро“. Тоа го дочекаа во натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите и имаа можност да се реваншираат. Веднаш штом излезе на загревање, одличниот голман беше пречекан со огромни свирежи, што беше показател за пеколот низ кој ќе помине во текот на натпреварот.

Непосредно пред почетокот на натпреварот, симпатизерите на Милан фрлија илјадници лажни банкноти со ликот на Донарума и на кој беше испишан зборот платеник.

Кога започна натпреварот, италијанскиот голман беше снимен како ги собира хартиите пред својот гол за да не има проблеми со одбраната.

Во тој момент камерите го фатија и Килијан Мбапе, кој не се солидаризираше со својот соиграч. На Французинот му беше доста смешно што навивачите на Милан го подарија својот поранешен капитен, а тој самиот му се насмеа на Донарума.

Навивачите на Милан не можат да се помират, бидејќи како што велат го прифатиле Донарума како свое дете, го гледале како херој, но дека романтичната приказна која само фудбалот може да ја раскаже завршила и за тоа не бил виновен Милан.

Иако има само 24 години, Донарума е доста искусен голман, а за навивачите на Милан направи непростлива грешка во летото 2021 година кога како слободен играч замина во ПСЖ.

Италијанецот, како и сите во ПСЖ, нема да го памети со задоволство гостувањето на Апенините, бидејќи загуби со 2:1 и покрај тоа што имаше водство.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите фантастични 45 992 512 во октомври
СледноХаланд направи потег кој може скапо да го чини (ВИДЕО)