Познато е што му кажал Еспирито Санто на Бензема поради што доби отказ

5953

Ал Итихад е без победа во домашното првенство во последните пет натпревари, а капак на се била препирката меѓу тренерот Нуно Еспирито Санто и напаѓачот Карим Бензема. Нивната кавга ја реши управата на клубот со тоа што го отпушти португалскиот стратег и ќе бара нов тренер, се шпекулира дека тоа ќе биде Французин за му удоволи на својата најскапа ѕвезда.
Ал Итихад изгуби од Ал Куве во азиската ЛШ со 0:2, а Санто и Бензема имале жесток разговор на полувреме.
Ти си добар играч, но изгледа си премногу мрзлив да вршиш притисок на ривалот“, рекол Санто, на што Бензема му одговорил:
Не зборувај со мене, зборувај со целиот тим“, порачал Французинот.
Тука не завршил разговорот затоа што Санто му вратил.
Ти си лидер на тимот, пример за другите играчи и најважен играч. Мораш да преземеш иницијатива и да биде пример за другите“.
Според „Ал Ријадиах“, Нуно сакал да го казни Бензема, а на Французинот му засметало тоа што го нарекол „мрзлив“.
Само 24 часа по расправијата, Ал Итихад го раскинал договорот со Португалецот, а привремето со тимот ќе работи досегашниот помошник Хасан Калифа.

ПретходноВардар 1961 преку Бутел до планираните бодови за враќање на врвот
СледноПремиерлигашите на итен состанок – се плашат од „саудиските игри“