Тетекс и Пелистер во недела, на 12 ноември ќе играат во рамките на Втората македонска лига. На овој натпревар навивачката група на Тетекс, популарните „Војводи“ ќе прослават 35 години од постоењето.
„ Должност на секој член и симпатизер на Тетекс е да се појави на стадион и да застане рамо до рамо заедно со нас и да ја одбележиме прославата како што е испланирано. Низ многу успеси и падови во овие 35 години од постоењето на нашата група и притисоци од сите страни успеавме да останеме на нозе! Добрите резултати на фудбалерите нека бидат уште еден дополнителен мотив да бидеш на трибина!
НЕМА ИЗГОВОРИ – НЕДЕЛА 10:00 КАМЕН!“, стои во соопштението на „Војводи“