Црвена звезда синоќа го претрпе третиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона. Три бода од Белград однесе германскиот РБ Лајпциг кој славеше со 2:1. Шампионот на Србија не покажа премногу на овој натпревар. Голот го постигнаа во самиот финиш и немаше време посериозно да тргне напред за евентуално да дојде до бод.
По означувањето на крајот на мечот, фудбалерите на белградскиот тим не заминаа останаа на стадионот и покрај дождот.
Огнените навивачи на Црвена Звезда не беа задоволни од игрите и резултатите во последно време, а тоа постојано го потенцираа. Затоа решија повторно да ги постројат играчите.
Фудбалерите на српскиот шампион застанаа пред северната трибина. Иако врнеше силен дожд, не им беше дозволено да се бунтуваат иако беа уморни и разочарани поради новиот пораз.
Delije i igrači Zvezde pola sata po završetku utakmice i dalje na severu! #Crvenazvezda #FKCZ #Delije pic.twitter.com/R1f26qAiJ9
— HotSport (@hotsportsrb) November 7, 2023
Со третиот пораз во групната фаза од натпреварувањето, Црвена звезда ја загуби шансата да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а таму по само четири натпревари стигнаа Манчестер Сити и РБ Лајпциг.