Еве зошто синоќа немаше ниту еден НБА меч

645

Новата сезона во НБА-лига започна на 24 октомври, а синоќа ја имавме првата пауза.

НБА одлучи дека натпреварите повеќе нема да се играат на „Денот на изборите“, односно на денот на изборите во Соединетите Американски Држави. За прв пат НБА го прекина натпреварувањето на тој ден минатата година за да ги поттикне играчите и навивачите да гласаат, нагласувајќи ја важноста од нивното учество на изборите.

„Денот на изборите“ е еден од ретките денови во регуларниот дел од сезоната на НБА кога нема натпревари. Исто така, не се игра на Денот на благодарноста, Бадник и на денот на финалето на шампионатот NCAA.

НБА продолжува вечерва со дури 14 натпревари. Ќе одмараат само Атланта и Орландо.

ПретходноАлкалоид ги пушти во продажба билетите за мечот со Силкеборг! (ФОТО)
СледноОфицијално: Мечот Работнички – Шкупи е одложен!