Куп: Дождот прави проблеми! Можно е да не се игра на Маџари и во Ѓорче, “лавовите“ бараат одложување!

746

Дожд и веднаш проблеми, така е тоа во мак – фудбалот. Како што дознаваме можно е да не се игра на Маџари, каде од 13 часот во 1/4 финалето во Купот на Македонија, се среќаваат Работнички и Шкупи. Теренот е во крајно лоша состојба.

Исто така од Ѓорче пристигнуваат вести дека “лавовите“ побарале одложување на средбата со Силекс.

Сепак дали ќе има одложување, барем такви се најавите, ќе се види во 13 часот и тоа на лице место кога за тоа ќе треба да одлучат судиите и службените лица.

Покрај овие два меча од 13 часот се играат и Тиквеш – Брера и Брегалница – Воска.

ПретходноДождливата белградска ноќ беше доста долга за играчите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 и Бутел Скопје го комплетираат 9. коло