Завршија трите четвртфинални мечеви во Купот на Македонија.
Македонија ЃП, бранителот на пехарот, успеа со 1:0 да го победи Силекс и тоа со голот на младиот Алији во 66.минута и со тоа да си обезбеди полуфинале во ова натпреварување.
Воска со голот на Јашаровски во 70.минута и тоа среде Штип, успеа да ја шокира Брегалница и со пласманот во полуфиналето да си испише клупска историја. Се разбира дека ова е голем удар за штипските “сини“ кои претендираа дури и на освојување на пехарот.
Во Кавадарци по 90.минути беше 1:1, Куреж за домашните и Дончев со автогол беа стрелци на двете екипи, па се изведуваа пенали.
А таму подобри пеналџии беа играчите на Тиквеш и тоа осум серии, и тоа со 6:5. Па така кавадарчани се пласираа во полуфиналето.
РЕЗУЛТАТИ
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА 0:1
(/Јашаровски 70.)
ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5 П)
(Куреж 52./Дончев (а) 45+1.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1:0
(Алији 66.)
УТРЕ, 13 Ч
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ