Неверојатно: Фудбалски натпревар во Украина траел 5 часа!

301

Иако веќе две години трае агресијата на Русија врз Украина, сепак во таа земја во некои делови се играат фудбалски натпревари. А во понеделникот е урнат и еден рекорд, и тоа во времетраење на еден натпревар.

Имено мечот меѓу прволигашите Дњипро и Олександрија, траел пет часа. Почнал во 17 часот а завршил некаде околу 22 часот.

Ова е најдолгиот натпревар во историјата на Украина, известуваат медиумите во таа земја.

Причината била поради тревогата од воздушни напади, и тоа во неколку наврати, затоа мечот морал да биде прекинуван.

Познато е дека според правилата, не смее да има навивачи на трибините а секогаш ќе се прекинува натпреварот ако има опасност од напади.

ПретходноВо Ријека му спремаат пекол на Ристовски
СледноПобедничко селфи од Кавадарци