Нова шлаканица за Јунајтед: Два пати водеше во Копенхаген и на крајот изгуби

304

Екипата на Манчестер Јунајтед повторно разочара откако вечерва е поразен на гостувањето кај Копенхаген. Во мечот од 4.коло во ЛШ, „Црвените ѓаволи“ водеа два пати и на крајот изгубија со 4:3. Со двата гола на Расмус Хојлунд по првите 28 минута, четата на Тен Хаг имаше убава предност.
Во 42 минута судијата му покажа црвен картон на Маркус Рашфорд поради груб старт над противнички играч. Во финишот на првото полувреме Данците изедначија со головите на Елјунуси и Гонкалвеш.

Во вториот дел Бруно Фернандеш од пенал го зголеми водството на англискиот тим на 1:3, а во финишот Данците притиснаа и направија пресврт. Прво Лерагер, а потоа Баргџи погодија за 4:3.

Во оваа група Баерн е прв со 12 бода по триумфот над Галатасарај со 2:1 и обезбеди осминафинале. Копенхаген сега е втор со четири бода, исто толку има Галата и последен е Јунајтед со три бода.

Во групата Д, Интер го совлада Салцбург со 1:0 и се промовира себе си во осминафиналето, а таму го однесе и Сосиедад кој претходно ја совлада Бенфика.
FOTO> Twitter/Manchester United

РЕЗУЛТАТИ, 4.KOЛО
ГРУПА А
КОПЕНХАГЕН – МАН.ЈУНАЈТЕД 4:3
БАЕРН – ГАЛАТАСАРАЈ 2:1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Б
АРСЕНАЛ – СЕВИЉА 2:0
ПСВ – ЛЕНС 1:0

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ц
РЕАЛ М. – БРАГА 3:0
НАПОЛИ – УНИОН 1:1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Д
САЛЦБУРГ – ИНТЕР 0:1
СОСИЕДАД – БЕНФИКА 3:1

Standings provided by Sofascore
ПретходноСе повлекле од квалификациите за СП 10 дена пред почетокот, а причината е бизарна
СледноДалас првпат загуби дома, Денвер со осма победа во првите девет меча сезонава (ВИДЕО)