Премиерлигашите на итен состанок – се плашат од „саудиските игри“

626

Премиерлигашите овој месец ќе имаат итен состанок на кој ќе гласаат за забрана на позајмици меѓу тимови кои имаат исти сопственици, а од тоа најмногу ќе страда Њукасл поради нивната идеја за потенцијални позајмици од клубовите од Саудиска Арабија.
Со оглед на тоа дека газдата на Њукасл е и газда на уште четири клубови во саудиската Про лига, па тренерот Еди Хау може да одбере кои фудбалери би ги донел на позајмица: Бензема, Роналдо, Митровиќ, Фирмино, Марез, Милинковиќ-Савиќ…
На 21 ноември ќе се гласа против оваа луда идеја, а за да успее потребни се 14 гласови од 20, пренесува „Дејли меил“.

ПретходноПознато е што му кажал Еспирито Санто на Бензема поради што доби отказ
СледноСе повлекле од квалификациите за СП 10 дена пред почетокот, а причината е бизарна