Судија на дербито Фенер-Трабзон суспендиран девет натпревари

1507

Турскиот фудбалски судија Мете Калкаван е суспендиран на девет натпревари од страна на Дисциплинската комисија на ФФ на Турција и Судиската комисија поради неговиот очаен перформанс на дерби дуелот од 11. коло во турската Суперлига помеѓу Фенербахче и Трабзон 2:3. Остри критики од двата клубови, навивачите како и од јавноста беа причина Калкаван да се откаже од судењето, пренесуваат турските медиуми.
На мечот имало многу спорни моменти, по кои ВАР не реагирал или реагирал погрешно. Посебно двата пенали за Фенербаче во финишот на мечот по кој домашниот тим од 0:3 стигна до 2:3 како и еден црвен картон за домашниот тим.
Калкаван е судија во Суперлигата од 2003 година, во 2022 година се откажал од судење. Потоа се вратил како ВАР контролор. Има 216 натпревари во Суперлигата, два во ЛШ и седум во Лига Европа.

ПретходноМеси стана ко-сопственик на клубот на Агуеро
Следно„Војводи“ слават 35 години, ги повикаа симпатизерите на прославата на мечот со Пелистер