Феникс убаво го испоти МЗТ Скопје

132

Феникс повторно пружи силен отпор против МЗТ Скопје, но во клучните моменти падна, и на крајот беше совладан со 73-64 во првиот меч од седмото коло во Првата лига.

И овој пат главни лидери беа Војдан и Дамјан Стојановски. Првиот постигна 20 поени со седум скока, додека капитенот имаше 14 поени. Кај Феникс, Митревски и Рис имаа по 19 поени.

Првата четвртина мина со промена на водството кое на истекот на десетата минута заврши минимално во корист на домаќинот 19-17. И во следниот период беше резултатска нишалка, која Феникс ја реши во своја корист (30-35). По одморот сликата почна да се менува, па МЗТ Скопје на крилата на Војдан и Дамјан,  дојде на плус осум (50-42), со тоа што Феникс успеа да се врати.

На стартот на послендиот период, Феникс дојде на минус два поени (54-52), имаше шанса да израмни, но наместо тоа загуби четири топки, па следеше казна, актуелниот првак зголеми на 63-52. По овој налет од 9-0 за домаќинот, гостите вратија со серија од 6-1, но одново влегоа во серија на грешки.

До крајот МЗТ Скопје успеа да ја сочува предноста и да се радува на шестата победа оваа сезона, на другата страна за Феникс ова беше пораз број четири.

ПретходноСпартак емотивно се збогува со Луковски: Ги постави темелите на клубот!
СледноФијаско: МЗТ Скопје и Феникс играа пред празни трибини (ФОТО)