Фијаско: МЗТ Скопје и Феникс играа пред празни трибини (ФОТО)

1213

Кошарката дефинитивно ја губи својата популарност. Веќе одамна голем дел од натпреварите се играат пред празни трибини, ретко кој се одлучува да оди на прволигашка кошарка.

За ова потврда е денешната средба меѓу МЗТ Скопје и Феникс во рамките на седмото коло во Првата лига. На трибините во СЦ „Јане Сандански“ едвај 150 љубители на кошарката, а половина од нив беа симпатизери на Феникс.

Се чини за навивачите на аеродромската гордост и актуелен првак, звучноста на противникот не беше доволно привлечна и на дождливо време да дојдат во сала.

Победник од оваа пресметка излезе МЗТ Скопје, кој славеше со 73-64.

ПретходноФеникс убаво го испоти МЗТ Скопје
СледноКлементе за периодот како селектор на Србија: Имав одличен тим, но и проблем затоа што беа Срби