Манчестер Сити на две кола пред крајот на натпреварувањето во групата Г обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите и со тоа ја потврди улогата на голем фаворит. „Граѓаните“ беа сигурни и во четвртото коло и го совладаа швајцарскиот Јанг Бојс со 3:0.
Камерите уловија интересен момент на полувремето од натпреварот во Манчестер. 26-годишниот капитен на Јанг Бојс, Мохамед Камара, побара дрес од Ерлинг Халанд на пат кон соблекувалната.
Норвежанецот го соблече дресот и му го подари на капитенот на тимот од Берн кој беше видно среќен.
You’ve got to take your chances if you want Erling Haaland’s shirt 😅
Mohamed Camara managed to get it at half-time 👕#UCL pic.twitter.com/S5puTnCxFn
— Football on TNT Sports (@footballontnt) November 7, 2023
Така Халанд облече нов дрес за игра на полувремето во соблекувалната, па ќе видиме дали ќе има казна од Сити. Правилата не дозволуваат соблекување и подарување дресови на полувремето од натпреварот.
Се разбира, сите поригорозни правила дојдоа по пандемијата на коронавирус.
Камара доби пет минути слава и сигурно долго ќе го памети дуелот против Сити, прво затоа што беше капитен на својата екипа, а второ затоа што на интересен начин успеа да го добие дресот од големиот Халанд, кој постигна два гола на оваа средба.