Ерлинг Халанд постигна два гола во победата на Манчестер Сити од 3-0 против Јанг Бојс. Со таа победа англискиот шампион и бранител на титулата во Лигата на шампионите се пласираа во осминафиналето.
Посебна тема од оваа средба е начинот на кој го прослави голот за 1:0. Норвешкиот напаѓач тоа го стори во стилот на Дидие Дрогба, легендарниот напаѓач на БСК и на Челзи.
По добивањето на наградата за најдобар стрелец во Европа, Халанд разговараше со Дрогба, кој беше домаќин на церемонијата. Поранешниот фудбалер на Челзи побарал од младата ѕвезда следниот гол да го прослави во негов стил или во стилот на Гери Линекер.
„Ќе видиме. Ќе размислам за двајцата кога ќе го постигнам следниот, па потоа ќе одлучам“, му одговори Халанд, кој голот го посви на Дрогба.
Haaland marque et fait la célébration de Drogba comme il l’avait dit. pic.twitter.com/ydeR3BdUzL
— AÏDOL_01 ⭐ (@AIDOL_01) November 7, 2023