Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Саса предадени на дисциплинска!

2604

Познато е дека изминатиот викенд не беше така мирно на нашите прволигашки терени. Па така надлежните во ФФМ се одлучија да предадат на Дисциплинска комисија четири клуба, и тоа Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Саса.

На Чаир имаше фрлање на петарди, димни бомби, потоа неспортско навивање од страна на фановите на домашниот клуб на дуелот со Вардар.

Во Кавадарци имаше хаос по досудениот пенал за Гостивар, имаше влетување на терен на неслужбени лица како и фрлање на предмети и шишиња од страна на фановите на Тиквеш.

Во Битола имало и “трето полувреме“ на мечот Пелистер и Беса во ВМФЛ, додека на дуелот Саса и Охрид имаше тепачка на трибините.

Допрва ќе се види какви и дали ќе има казни и санкции за посочените клубови.

На потег се членовите на Дисциплинската комисија.

ПретходноПиоли: Победивме затоа што игравме со срце
СледноУ-16 селекцијата на Македонија одигра нерешено против Црна Гора на првиот контролен меч