Елмас на клупа, Наполи не го победи Унион, а Сосиедад милиметри го делат од осминафинале

201

И покрај тоа што даде убав гол претходната недела во дуелот со Салернитана, македонскиот интернационалец Елиф Елмас денешниот меч на Наполи против Унион Берлин во 4.коло на ЛШ го преседе на клупата. Мечот заврши 1:1 со што тимот од Неапол пропушти шанса да завери место во наредната фаза.
На Наполи му беше поништен гол во 30 минута поради прекршок, а девет минути подоцна Матео Политано донесе предност. Изедначи Давид Фофана во 52 минута и тој резултат остана до крајот. За Германците тоа е првиот бод во дебитантскиот настап во групната фаза на ЛШ.
Наполи има 7 бода на второто место, Реал е лидер со 9 и меч помалку, Брага е трета со три бода исто така со меч помалку. Унион е последен со бод.

На „Реале Арена“ во Сан Себастијан, екипата на Сосиедад ја совлада Бенфика со 3:1 во меч од групата Д и има 10 бода па ќе избори пласман во осминафиналето ако вечерва Интер не загуби од Салцбург.
Уште по првото полувреме Сосиедад водеше со 3:0 (Мерино, Ојарзабал и Барентчеа), а промаши и пенал (Мендез не погоди). Рафа Силва во 49 минута го постигна единствениот гол за Бенфика.

ПретходноКлементе за периодот како селектор на Србија: Имав одличен тим, но и проблем затоа што беа Срби
СледноМеси побара од Бекам да донесе Хрват во Интер Мајами!