Кога Лионел Меси реши да замине во САД во тимот на Интер Мајами, со себе „понесе“ двајца соиграчи од Барселона, Бускетс и Алба.
Но, тоа не беше доволно за Интер да се бори за шампионската титула во САД, а сопственикот на клубот од Мајами, легендарниот фудбалер Дејвид Бекам подготвува нови капитални засилувања.
Бекам се консултирал со Меси за изборот на нови фудбалери, а осумкратниот освојувач на „Златната топка“ му предложил уште еден играч со кој ја освоил Лигата на шампионите во тимот, Хрватот Иван Рактиќ, пренесува шпанска „Марка“. исклучиво.
Рактиќ моментално настапува за Севиља и е еден од најважните играчи на победникот во Лига Европа, но со 36 години кариерата му е во пад, па преселбата во Мајами може да биде вистински хит за играчот од средниот ред.
Освен Ракитиќ, на колонијата поранешни играчи на Барса во Мајами би можел да се приклучи и уругвајскиот ветеран Луис Суарез, за чие доаѓање на големо се зборува.