Судиска анализа: Пеналот за Гостивар бил исправно досуден, Тиквеш израмнил од офсајд, Пелистер оштетен!

2997

Судиската Комисија при ФФМ денеска ја објави својата судиска анализа за мечевите од 13.коло во ПМФЛ и 11.коло во ВМФЛ.

На мечот каде што имаше најголема бура, според судиската анализа, пеналот за Гостивар бил исправно досуден, но затоа голот на Тиквеш за 2:2 бил од офсајд. Значи Гостивар, а не Тиквеш е тимот кој што е е оштетен.

Во Битола каде играа Пелистер и Беса, првиот гол на гостите бил од офсајд.

Еве ја цела анализа…

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Воска-Фк.Брера А.П одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од  77минута.

“Главенсудија: Фуркан Идризи. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски.

77 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:1)

Во прекин на игра поради досуден слободен удар за екипата на домакините, играч од гостинската екипа на неспортски начин со глава го удри противничкиот играч во глава.

Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостинската екипа, поради неспортски удар со глава на притивнички играч.

На натпреварот  Фк.Работнички- Фк.Силекс одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од  68 минута.

“Главенсудија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески .

68 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа, при резултат 1:0)

По центрирана топка пред 16-сетникот на гостинската екипа, играч на домашните со рака направи неспортски контакт во лицето на противнички играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот Фк.Тиквеш– Фк.Гостивар одигран на 04.11.2023 година, анализирани се ситуациите од  32, 71, 89 и 90+1 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа екипа , при резултат  0:1)

Додадена топка во 16-сетникот на домашната екипа странично од голот, топката не беше во ничив посед и на неа тргнаа два противнички играчи, прв до топката стигна играчот на гостинската екипа, ја удри и потоа играчот на домашната екипа невнимателен недозволен старт (на нога и тело) над противничкиот играч.

Исправна  одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (со нога и тело) на играч на домашната екипа над противнички играч.

71 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон  за играч на домашната екипа, при резултат 1:2)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топката странично од голот на домашната екипа надвор од 16-сетникот , во моментот кога играчот ја додаде топакат до свој соиграч, беше на недозволен начин нагазен на задниот дел од ногата (тетивата и листот) од противнички играч..

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон на играчот на домакините, поради недозволен старт (газење на тетива и листот) на противнички играч, бидејки тоа му беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

89 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон  за играч на домашната екипа, при резултат 1:2)

Играч на гостинската екипа беше во ветувачка акција странично од голот на домашната екипа, играч на домашната екипа направи недозволен лизгачки старт на ногата на противничкиот играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа поради недозволен лизгачки старт на нога на противнички играч  и спречување ветувачка акција.

90+1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирање офсајд позиција при постигнување на гол на домашната екипа, при резултат 1:2)

Играч на домашната екипа упати удар кон голот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која дојде до друг играч на домашната екипа кој упати удар и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што го призна голот, во оваа ситуација асистентот требаше да сигнализира офсајд позиција, бидејки играчот што го постигна голот, во моментот кога голманот на гостите ја одби топката до него се наоѓаше во недозволена позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на гостите).

На натпреварот  Фк.Брегалница-Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 38 и 90+3 минута.

“Главенсудија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

38 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 0:2)

На една вискота топка на средина на теренот, во скок беа два противнички играчи, при скокот играчот на гостинската екипа на недозволен начин направи контакт со раката во главата на противникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен жолт картон за играчот на гостинската екипа, поради недозволен контакт со рака во предел на глава на противнички играч, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

90+3: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:3)

Играч на домашната екипа беше во продор во 16-сетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа со двете нозе стоеше мирно и не направи никакво движење со нозете и телоти, играчот на домакините кој ја имаше топката направи и иницираше контакт од ногата на противникот, за да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар (симулација) за екипата на гостите, бидејки играчот на домакините сакаше да иницира контакт од ногата на противничкиот играч, кој  со двете нозе стоеше статично.

Главниот судија беше одлично поставен и близу настанот.

На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум-Фк.Шкендија одигран на 05.11.2023 година, анализирани се ситуациите  од 6, 52 и 62 минута.

“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов.

6 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домакините беше во посед на топка и во продор во 16-сетникот на гостинската екипа, противнички игрч направи намерно недозволено движење со ногата (сопнување) над играчот кој беше во посед на топката и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостинската екипа направи намерно и н недозлолено движење со ногата и го сопна играчот.

Одлична поставеност на главниот судија кој беше близу ситуацијата.

52 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (ЗА досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0).

Играч на екипата на гостите беше во налет и посед на топката во 16-сетникот на домашната екипа, играч на домашната екипа сакајки да ја избие топката направи недозволен лизгачки старт на ногата на противникот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен лизгачки старт на ногата на играч на домашната екипа над противнички играч.

И во оваа ситуација главниот судија е одлично поставен и близу настанот, со одлична прегледност.

62 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон-ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 0:1)

Судијата ја прекина играта поради слободен удар за домашната екипа, после свирката на судијата играч на гостинската екипа нја шутна топката кон голот на домашната екипа.

Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот на гостинската екипа, поради неспортски однос (шутирање на топка после досуден прекршок), бидејки тоа му беше втор жолт картон за играчот на гостинската екипа. Автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  Фк.Шкупи-Фк.Вардар  одигран на 05.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 74 минута.

“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Разме Бакрачески и Климент Ристоски.

74 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирање офсајд позиција за домашен играч, гол регуларен, при резултат 1:0)

Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домашните по додавањето на топката постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија што го призна голот, бидејки играчот на домакините во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот ,се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостинската екипа).

Судиска анализа за 11 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 11 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк. Скопје – Фк. Башкими одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата  од 40 минута.

“Главенсудија: Доне Ристовски. Помошни судии: Зоран Ангелов  и Ване Дупкаров.

40 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0)

Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на домакините со глава ја удри топката кон голот на гостинската екипа, уапатената топка удри во раката(високо подигната од телото и со зголемен волумен, неприродна положба) на противнички играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа, поради недозволена игра со рака (високо подигната од телото и со зголемен волумен, неприродна положба) на играч на гостинската екипа.

На натпреварот  Фк.Арсими-Фк.Тетекс одигран на 04.11.2023 година, анализирани се ситуаците од  52 и 62 минута.

“Главенсудија: Александар Василевски. Помошни судии: Кристијан Џонов и Андреј Ќамилов.

52 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа ,при резултат 1:0)

Во 16-сетникот на гостинската екипа играч на домакините беше во посед на топката и со грб свртен кон голот, кога сакаше да се сврти да шутира кон голот, беше влечен од противнички играч за тело и дрес.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (влечење со интезнитет) на играч на гостинската екипа над играч на домакините.

62 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За  сигнализирање офсајд позиција на гостински играч, при резултат 2:0)

Играч на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч  кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен, сигнализирано е офсајд позиција, бидејки играчот на гостите кој постигна гол, во моментот кога му беше додадена топката до него, се наоѓаше позади предпоследниот играч на домашната екипа.

На натпреварот  Фк.Пелистер – Фк.Беса одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 22 минута.

“Главенсудија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Бранко Путилин и Даниел Василевски.

22 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано офсајд позиција за гостинскаи играч, гол постигнат, при резултат 0:0)

Гостинската екипа беше во напад, во истата акција имаше две предизвикувачки ситуации за првиот помошен судија.

Првата предизвикувачка ситуација: играч на гостинската екипа додава топка до свој соиграч странично од голот на домашната екипа и близу аут линијата, каде во момент на додавање на топката играчот на гостите се наоѓа во линија (регуларна позиција) со предпоследниот играч од одбраната на домакините (кој се наоѓа централно на теренот), многу тешка одлука за проценка за асистентот, меѓутоа исправна, што дозволи акцијата да продолжи.

Втората предизвикувачка ситуација: во текот на истата акција играчот што ја прими топката продре во 16-сетникот на домашната екипа, шутна и постигна гол, меѓутоа во  моментот на шутот, негов соиграч се наоѓа близу голманот на домакините (во офсајд позиција), прави движење со ногата сакајки да игра со топката и го измамува голманот, односно има влијание над голманот.

Погрешна одлука на првиот помошен судија што го призна голот, требаше да сигнализира офсајд позиција за играчот на гостинската екипа, поради движење и влијание над голманот во моментот кога беше постигнат голот.

На натпреварот  Фк. Детонит – Фк. Новаци одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од  17 минута.

“Главенсудија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Осман Зекири и Борис Трајков.

17 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домакините додаде топка топка до свој соиграч близу 5,5 голманскиот простор, во моментот кога неговиот соиграч ја шутна топката кон голот (и беше во теренот за игра), играч на гостите намерно со тело (со интензитет) со закаснет старт го турна играчот правејки прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (намерно туркање со интензитет)  на играч на гостинската екипа над противнички играч.

На натпреварот  Фк. Вардар Неготино – Фк. Победа  одигран на 04.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 46 и 63 минута.

“Главенсудија: Благојче Ралевски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски.

46 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа прими топка старнично во 16-сетникот на гостниската екипа и со грб спрема голот, кога направи движење со топката, противнички играч направи невиматено недозволен старт над ногата на играчот на домакините, правејки прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините поради недозволен старт (на нога) на играч на гостинската екипа над противнички играч.

63: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа прими топка во 16-сетникот на гостинската екипа близу корнер линијата, во моментот кога го помина противничкиот играч беше на неддозволен начин (со интензитет) влечен за тело и дрес од истиот и спречен во акцијата, по што падна.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините, поради недозволен старт (влечење со интензитет) на играч на гостите над противнички играч.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа .

ПретходноОфицијално: Работнички – Шкупи се игра утре на ФФМ, без публика!
СледноЛШ: Елмас и Наполи посакуваат победа против Унион Берлин, Реал Мадрид ја пречекува Брага