Алкалоид со цел плен од Битола за продолжување на перфекцијата

294

Алкалоид по завршување на ЕХФ неделата им се врати на старите навики – победите. Македонскиот вицепрвак со цел плен се враќа од гостувањето кај вториот тим на Пелистер совладувајќи го со 31-36 за десетта победа оваа сезона за зацврстување на врвот на табелата во групата А.

Серафимов со осум гола беше лидер кај победникот, два гола помалку имаше Стојковиќ, додека Ѓоргиев, Џонов и Бинго беа стрелци на четири погодоци. Во редовите на домашниот тим, Митревски беше реализатор на седум гола.

Избраниците на Кирил Лазаров поведоа со 1-4, па со 3-7. Нешто подоцна дојдоа на водство од плус пет (7-12 и 8-13), а додека пред првото полувреме предноста „скокна“ на седум гола разлика 12-19. На другата страна битолчани тешко го пратеа ритамот на противникот, па на одморот заминаа со негатива од 16-22.

Во вториот дел не се промени нешто драстично на теренот, Алкалоид беше тој кој го диктираше темпото. Пелистер 2, успеа да дојде само на минус три гола негатива 24-27, но македонскиот вицепрвак брзо ја врати предноста од пет гола која беше доволна за мирен финиш.

По оваа средба, Алкалоид ќе се насочи кон Европската лига, каде го чека дуел со данскиот тим на Силкеборг.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Трпчевски “главен“ на дербито во Охрид, Качевски ќе му суди на Пелистер а Бартон во Каменица!
СледноЗа завршниот мастерс во Торино: Новак во група со Синер, Циципас и Руне, “пекол“ за Алкараз! (ФОТО)