Баерн останува без Мусиала околу еден месец

76

Младата ѕвезда на германскиот шампион Баерн (М), Џамал ​​Мусиала се повреди на натпреварот против Галатасарај во ЛШ синоќа и ќе мора да отсуствува од фудбалските натпревари во следниот период.

Тој го напушти теренот во 40. Минута, а по натпреварот тренерот на Баерн, Томас Тухел потврди дека Мусиала се здобил со повреда на тетивата.

„Во најдобар случај тоа е истегнување, во најлош случај е кинење на мускулните влакна“, рече Тухел.

Првичните лекарски прогнози се дека Мусиала го очекува периодот на опоравување од 2 до 4 недели.

ПретходноВест Хем ќе го менува тренерот: Мојс нема да добие нов договор, си оди во јуни!
СледноСавовски во полуфиналето на Купот на Србија, Лепидовски и Костиќ елиминирани