Вест Хем ќе го менува тренерот: Мојс нема да добие нов договор, си оди во јуни!

165

Раководните лица на Вест Хем размислуваат да му понудат можност на Мојс да почне да работи на друга функција во клубот по завршувањето на сезоната, бидејќи не сметаат дека тој ќе биде добар избор за менаџер на клупата на „чеканите“ и следната сезона. Според информациите на „Дејли Меил“, станува се поверојатно дека неговиот договор нема да биде продолжен.

60-годишниот Мојс кој во јануари влегува во последните шест месеци од договорот што го потпиша со Вест Хем во 2021 година, наводно е свесен дека нема да добие нов договор, па затоа веќе почнал да си бара друга работа. Се зборува дека за него е заинтересирана УЕФА која сака да му понуди работа на некоја од функциите во Европската куќа на фудбалот.

ПретходноРаботнички и Шкупи денеска на ФФМ ќе одлучат кој ќе биде последниот полуфиналист во Купот!
СледноБаерн останува без Мусиала околу еден месец