Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино сочинуваа убиствено трио во Ливерпул. Тие ги предводеа „Црвените“ до титулата во Премие- лигата но и во Лигата на шампионите, а сега на „Енфилд“ игра само Салах.
Египќанецот е единствениот кој го продолжи договорот, Мане и Фирмино сега играат во Саудиска Арабија. Фирмино раскажа за нетрпеливоста меѓу Салах и Мане, а опиша и детал од мечот со Барнли кој беше капак на нетрпението меѓу нив.
„Постоеше тензија. И покрај добриот резултат, тој меч го одбележа бесната реакција на Мане. Камерите тоа го снимија. Мане не беше бесен затоа што беше заменет, туку затоа што непосредно пред тоа Салах шутираше на голот, иако Сенегалецот беше сам во казнениот простор. Мане збесна поради себичноста на својот соиграч“, вели Фирмино.
„Мојот англиски не е толку добар, не можам да кажам што точно кажа Мане, но знам дека не беше убаво. Нивната кавга ги изненади некои луѓе, но не и мене. Јас знаев дека нешто се “крчка“ уште од сезоната 2018/19. Мојот инстикт и должност беа да ја спуштам тензијата, да сипам вода, а не бензин. И претходно постоеле проблеми меѓу нив. Во Барнли беше кулминацијата.
Тие никогаш не беа најдобри пријатели, си тераа по свое“, изјави Бразилецот.