Се разбира дека и за нас најинтересно вечерва во фудбалска Европа ќе биде дуелот на “Тумба“ во Солун, каде се среќаваат ПАОК и Абердин. Откако Бојан Миовски го “шекна“ ПАОК на првиот меч, кога по голот им го “покажа“ македонскиот знак, а фановите на Абердин беа во транс, за вечерашниот меч Грците најстрого забранија внесување на македонски знамиња. Се претпоставува дека оваа забрана важи за фановите на Абердин кои ќе ги има во голем број и кои не кријат дека ќе му ја дадат целата поддршка на својот миленик Бојан Миовски.
Инаку не е тајна дека на средбите на Абердин секогаш и секаде има македонски знамиња меѓу најверните фанови на шкотскиот тим.