“Кралевите“ продолжуваат со продолжување на договорите со своите млади ѕвезди. Па така денеска дојде редот на Федерико Валверде, кој ги прифати условите за новиот договор и потпиша заедно со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез до 2029 година.
Уругваецот во изминатите две – три сезони беше еден од клучните играчи на тимот од “Сантијаго Бернабеу“, па токму и затоа доби нов договор кој сега важи за наредните шест години.
Нема што, Реал Мадрид прави одлична работа со задржување на сите свои млади и екстра квалитетни играчи.