Далас првпат загуби дома, Денвер со осма победа во првите девет меча сезонава (ВИДЕО)

225

НБА шампионот Денвер утрово го победи Голден Стејт со 108:105 и ја постигнаа осмата победа во првите девет натпревари во НБА лигата. Тимот од Колорадо беше предводен од српскиот центар Никола Јокиќ со 35 поени, 13 скока, пет асистенции и три украдени топки за повеќе од 36 минути минати на паркетот. Реџи Џексон постигна 20 поени, а Мајкл Портер имаше 17. Во тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стивен Кари со 23 поени.

Хјустон изненадувачки ги победи ЛА Лејкерс со 128:94 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Џејлен Грин ги предводеше Рокетси со 28 поени.

Гостинска победа и за Торонто, кој на гости беше подобар од Далас со 127:116. Паскал Сиакам со 31 поен и 12 скока беше најдобар во составот на Рептосрс, каде Ануноби постигна 26 поени, а Шрудер додаде 18. Во тимот на Далас, кој го доживеа првиот пораз на домашен терен сезонава, најефикасен беше Лука Дончиќ со 31 поен.

Кошаркарите на Филаделфија го добија мини-дербито со Бостон со 106:103 и ја постигнаа шестата последователна победа. Џоел Ембид го предводеше тимот со 27 поени и 10 скока, а во тимот од Бостон најефикасен беше Кристапс Порзингис со 29 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Бостон 106:103

Индијана – Јута 134:118

Шарлот-Вашингтон 116:132

Њујорк – Сан Антонио 126:105

Бруклин – ЛА Клиперс 100:93

Оклахома Сити – Кливленд 128:120

Минесота – Њу Орлеанс 122:101

Милвоки – Детроит 120:118

Мемфис – Мајами 102:108

Хјустон – ЛА Лејкерс 128:94

Чикаго – Феникс 115:116

Далас – Торонто 116:127

Денвер – Голден Стејт 108:105

Сакраменто – Портланд 121:118

ПретходноНова шлаканица за Јунајтед: Два пати водеше во Копенхаген и на крајот изгуби
СледноТен Хаг: Одигравме 20 најдобри минути досега, но црвениот картон промени се!