Претстојниот викенд во Торино започнува завршниот АТП мастерс на кој ќе учествуваат најдобрите осум тенисери во светот во моментот. Денеска се одржа ждрепката, на која Новак Ѓоковиќ се најде во “зелената“ група заедно со Јаник Синер (Италија), Стефанос Циципас (Грција) и Холгер Руне (Данска).
Во втората група, онаа “црвената“ Карлос Алкараз (Шпанија) немаше среќа, затоа што за ривали ги има Данил Медведев (Русија), Андреј Рубљов (Русија) и Александер Зверев (Германија).