И Шкупи во полуфиналето во Купот на Македонија!

649

Откако попладнево на ФФМ, со 1:0 успеа да го победи градскиот ривал Работнички во последниот дуел од 1/4 финалето, и Шкупи се најде во полуфиналето во Купот на Македонија и им се придружи на Македонија ЃП, Тиквеш и Воска.

Во првиот дел чаирчани доминираа, имаа најмалку три големи шанси за водство од кои една искористија и тоа преку Младеновски, кој успешно со глава го матираше голманот на Работнички за 1:0 во таа 15.минута.Претходно, но и по тој гол, Кука имаше два зицери, но на пауза се замина со 1:0 за Шкупи.

Во второто полувреме Работнички целосно се отвори, посакуваше напад и само напад со цел да дојде до израмнување,но чаирчани умешно го чуваа водството.

Во 76.минута по една мешаница пред голот на Шкупи, играчите на Работннички жестоко бараа пенал, но не го добија.

Во 84.минута Воша имаше шанса, шутираше за 2:0, но сепак голманот на Работнички успеа одлично да одбрани.

ПретходноШахистите на ШК Алкалоид ќе настапат за македонските репрезентации на претстојното ЕП во екипна конкуренција
СледноЛина со пласман во 1/4 финалето во Ираклион!