Репрезентацијата на Македонија до 21 година во ноември ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварот против Грузија, на домашен терен во рамките на четвртото квалификациско коло од групата Ц и контролниот натпревар со Австрија на гостински терен.
На списокот се наоѓаат следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Митрев – Кожуф
Иван Николоски – Победа
ОДБРАНА:
Димитриј Поповски – Силекс
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Динамо Киев
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Виктор Крстевски – Гостивар
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске
Ардијан Цилафи – Сампдорија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Газиантеп
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Матеј Ангелов – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Каршијака
Фисник Исаки – Марибор
Методи Максимов – Шкендија
Христијан Георгиевски – Струга Трим Љум
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда
Луан Абази – Шкупи
Димитар Трајков – А.П. Брера
Драги Канатларовски, селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година;
-Не очекува еден исклучително тешок натпревар против репрезентацијата на Грузија и мораме да одиграме квалитетно и концентрирано во текот на сите 90 минути.
-Се работи за една квалитетна и цврста репрезентација. Во октомврискиот циклус имавме еден неочекуван пораз од Молдавија.На овај натпревар одиме на победа и да останеме во игра за тоа второ место во групата.
-Се соочуваме со одредени проблеми во играчкиот кадар, особено ослабнати сме со отуството на Бехар Фета поради повреда. Андреј Стојчевски ќе недостасува поради картони, а Марио Ричков е уште еден фудбалер кој нема да биде во можност да се стави на располагање поради повреда, Имаме тројца нови играчи Димитриј Поповски,Ардијан Цилафи,Фисник Исаки. Верувам дека ќе донесат добра енергија и квалитет во тимот.
-Имаме и втор натпревар со Австрија каде одиме да се надигруваме и да им дадеме шанса на оние кој имале помала минутажа во текот на квалификациите.